ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР
НА КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ с.Колешино, Ново Село

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Друштво за производство, угостителство, трговија и услуги КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз, с.Колешино, Ново Село, (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
– да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории..) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените кај Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
– за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
– да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видеонадзор не се користи за други цели.

Видео камерите се поставени прецизно да го покриваат релевантиот простор кој се мониторира. Камерите имаат за цел да дадат преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица. . Камерите за видеонадзорот се инсталирани на определени локации и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат кон службените простории (објекти) вклучително и имотот на Контролорот.

Системот за видеонадзор ја опфаќа областа на:

– Службените простории,
– Просторот за пристап (влезните и излезните места) во објектите/имотот на Контролорот,
– Просторот во непосредна близина на објектите/имотот на Контролорот.
– Просторот од надворешната површина во непосредна близина на деловните згради на Контролорот,
– Просторот од надворешната површина во непосредна близина на магацинските простории на Контролорот.

Системот за видеонадзор ќе се користи како истражна алатка за да се добијат докази при внатрешни истраги и дисциплинска постапки, кога се работи за безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

2. Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

3. Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Никола Маљановски, вработен во КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз, с.Колешино, Ново Село на работно место Директор на логистика и дистрибуција е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, Контролорот користи опрема за видеонадзор и собира лични податоци преку системот за видеонадзор (видео снимки) за следните цели:
– заштита на животот или здравјето на луѓето и вработените;
– заштита на сопственоста и просториите на Контролорот;
– обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории на Контролорот.

Следствено, обработката е законита согласно член 90 од Законот за заштита на лични податоци

Покрај тоа, на влезот на КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз с.Колешино, Ново Село и сите негови подружници и објекти има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

5. Кој може да ги види моите лични податоци?
До видеозаписите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор на Контролорот и од ангажираната Агенција за приватно обезбедување. Пристапот до видеозаписите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или дејствие од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз с.Колешино, Ново Село.

6. Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз,с.Колешино, Ново Село, преку лицето за контакт и одговорно за видеонадзорот Никола Маљановски, на е-пошта: [email protected] или на адреса: ул.5 бр.43 Визбегово, Бутел.

Исто така, може да се обратите и до офицерот за заштита на личните податоци во друштвото, Елизабета Микова вработена во КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз, с.Колешино, Ново Село, на е-пошта: [email protected] или на адреса: Населено место без уличен систем број 6, Колешино, Ново Село.

7. Можам ли да пристапам до моите податоци?
Да, Вие имате право на пристап односно право да добиете потврда дали КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз,с.Колешино, Ново Село, ги обработува Вашите лични податоци преку системот на видеонадзор. Тоа може да го сторите во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз с.Колешино, Ново Село, лицето за контакт и одговорно за видеонадзорот Никола Маљановски, на е-пошта: [email protected] или на адреса: ул.5 бр.43 Визбегово, Бутел.

8. Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.

9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз с.Колешино, Ново Село, лицето за контакт и одговорно за видеонадзорот Никола Маљановски, на е-пошта: [email protected] или на адреса: ул.5 бр.43 Визбегово, Бутел, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.

10. Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз с.Колешино, Ново Село, лицето за контакт и одговорно за видеонадзорот Никола Маљановски, на е-пошта: [email protected] или на адреса: ул.5 бр.43 Визбегово, Бутел, кога обработката е незаконска.

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите лични податоци, односно снимките од видеонадзорот, се чуваат од страна на Контролорот и истите не се споделуваат на други физички/приватни лица, освен ако не дадете изречна Ваша согласност. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

12. Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз с.Колешино, Ново Село, лицето за контакт и одговорно за видеонадзорот Никола Маљановски, на е-пошта: [email protected] или на адреса: ул.5 бр.43 Визбегово, Бутел, кога имате легитимни причини во врска со Вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по Вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

13. Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до [email protected] или на адреса: ул.5 бр.43 Визбегово, Бутел и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на Елизабета Микова со испраќање е-пошта до [email protected], или на адреса: Населено место без уличен систем број 6, Колешино, Ново Село.

На секое целосно и соодветно поднесено Барање, КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ увоз-извоз с.Колешино, Ново Село, ќе одговори откако ќе го потврди идентитетот на Барателот и ќе ги има сите неопходни информации да го процесуира барањето, но не подолго од 30 дена од денот на поднесувањето (освен во исклучителни посложени ситуации за што дополнително Барателот ќе биде известен).

в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

15. Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на Вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме Вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30-триесет календарски денови по Вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

Снимките од видео надзорот може да се чуваат подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски период кога тоа е потребно за остварување на легитимниот интерес на Банката при водење на соодветни постапки согласно закон

Колид С Тим
Улица 5 бр.43, Визбегово
1000 Скопје
тел: +389 (0)70 347 566
маил: [email protected]

СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ