Ki-Ki

Kiki banner
Низ својата долга историја “Ki-Ki” отсекогаш ги следеше потребите и желбите на своите потрошувачи, па така и денес “Ki-Ki” нуди цела палета на овошни карамели и гумени бомбони. “Ki-Ki” е првата омилена бомбона кои родителите со доверба ја даваат на децата затоа што сите “Ki-Ki” бомбони содржат само природни ароми и вистинско овошје или овошен сок.

За Брендот

Приказната за “Ki-Ki” бомбоните започна со легендарната коцка на “Ki-Ki” овошната карамела во 1927 година. “Ki-Ki” логото е заштитен знак на најпопуларните бомбони во Југоисточна Европа со кои пораснаа безброј генерации. Слоганот Било каде, Кики секаде! Се користи од 1935 година кога на отворен натпревар го смислил тогашниот ученик, а подоцна и детски писател, Ратко Зврко. Со препознатливото лого кое не е сменето од настанокот на “Ki-Ki” бомбоните, во 1998 е воведен и “Ki-Ki” кловнот како заштитен знак и носител на комуникација.