Малите готвачи во акција
Организиравме работилница за тестенини во основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопјe, каде што околу 30 деца (10 -11 години) беа запознаени со италијанската кујна преку практично искуство.
Од учење за видовите тестенини до подготовка на болоњезе и карбонара, работилницата беше исполнета со креативност и забава.
Додека готвеа, децата, заедно со готвачот Златко, користеа производи од Barilla, Polimark, Muti, Costa D’Oro и Pivac – производи кои се основа на секоја добро подготвена тестенина.
На крајот, секое дете доби мало пакување за дома.
Ни се допаѓа да гледаме таква енергија и љубопитност во кујната уште од толку мала возраст.