Колид С е една од водечките дистрибутивни компании за стока за широка потрошувачка. Делуваме на пазарот од 1994г. Успехот на компанијата се должи на постојаното вложување во стручен и професионален кадар, континуирани инвестиции во развојните процеси и силната стратешка определба за задоволување на желбите и потребите на крајните потрошувачи.

Искуството, професионалноста и современо организираната дистрибутивна мрежа ни овозможува да одговориме на барањата на партнерите брзо, посветено и флексибилно.
Децениските партнерства со европски, регионални и локални принципали се доказ за професионалноста, развојот и инвестициите како стратешки определби на Колид С.
Постојано следејќи ги трендовите во дистибуцијата и малопродажбата, ја развиваме нашата мисија во насока на градење на силни партнерства, нудејќи им на партнерите современи решенија за брза, навремена и квалитетна испорака. На овој начин Колид С е препознаен како еден од лидерите на пазарот во диструбутивниот сегмент со постојана мисија да ја задржи и зацврсти лидерската позиција.
Квалитет на производи и услуги, внимание и посветеност во работата, едукација и негување на професионален кадар и градење на цврсти партнерски релации се вредностите во кои веруваме. Овие постулати нѐ водат напред и цврсто се втемелени во нашите стратешки определби за развој на Колид С.

Магацински простор со број на палетни места, локација Скопје:
• Магацин храна – 3200 палетни места
• Магацин хемија – 1000 палетни места
• Магацин со комори – 600 палетни места
Како една од водечките дистрибутивни компании во Македонија, Колид С во текот на годините активно имплементира современи информатички системи, со цел ефикасно спроведување на своите оперативни делувања и професионално исполнување на барањата на своите партнери.
Во 2018г. имплементиран е нов ERP software, Microsoft Dynamics NAV, којшто ги има опфатено клучните процеси и процедури во работењето на компанијата, започнувајќи од функционалноста за мобилно работење на продажните лица-комерцијалисти кои благодарение на онлајн пристапот имаат увид во залиха и целата нивна база на креирани документи.
Брзина, мобилност и флексибилност се трите основни карактеристики на нашата Логистика. За брза и сигурна нарачка и достава, Колид С Тим располага со:
• Возен парк од 150 возила каде секое возило е опремено со GPS уред за постојано следење и контрала на движењето.
• За потребите на дистрибуцијата, нашата компанија користи Cross Docking систем. За ефикасна и брза достава целокупната залиха е во централен магацин во Скопје, а секојднeвно со транспортни возила нарачаната стока се дистрибуира во логистичките центри во Битола и Струмица, односно Колешино, а од таму се дистрибуира до клиентите. На овој начин се постигнува расположливост на залихата за целата дистрибутивна мрежа којашто ја опфаќа целата територија на Македонија.
• Производството користи посебна софтверска функционалност којашто е вградена во Microsoft Dynamics NAV, со којашто се остварува целиот процес од набавка на суровини до испорака на готов производ со запазена точна следливост или “traceability” на производите. Со тоа производството ги обезбедува сите потребни информации и стандарди на работење кои се побаруваат како од пазарот така и од најистакнатите коминтенти како LIDL, Delhaize и др.
Колид С користи WMS (warehouse management system) којшто е имплементиран во комплексниот софтвер Microsoft Dynamics NAV, прилагоден на спецификите и потребите на нашето работење. Системот дозволува точност и ефикасност при извршување на приемот на роба, нејзино складирање, комисионирање, трансфер од еден магацин во друг, отпрема на робата.
Располага и со bundle pack простор во којшто се изработуваат сетови, пакет понуди, дополнително обележување на производите и на таков начин компанијата е подготвена да одговори на пазарните потреби за креирање на атрактивни акциски понуди.
Магацинскиот и административниот простор од над 9.000m2 е дизајниран во повеќе сегменти:
• според различниот температурен режим на складирање на стоката,
• одвојување на хемиската стока од прехранбената, лесно запалива роба и замрзната роба.
Колид С е еден од најголемите производители на private label трговски марки за регионални и интернационални малопродажни трговски синџири. На партнерите им нудиме од рецептура, производство, пакување и гарантирани количини, па се до испорака на полица.
Lidl, Migros, Denner, Konzum, Maxi, Edeka, Spar, Rewe, Penny се само дел од нашите долгогодишни партнери.
Колид С е застапник на Краш од 2020 година.
Покрај дистрибуцијата на Краш производи, Колид С е и сопственик на малопродажниот синџир на три класични Краш продавници во Скопје. Во 2023 година отворенa е и четвртата концепт продавница Kraš bonbonniѐre and café. Оваа концепт продавница покрај продажба на редовниот асортиман уредена е и како кафетерија и мини слаткарница. Посетителите може да уживаат во оригинални Краш производи, слатките производи на Sunday и вкусно кафе.
Улица 5 Визбегово бр.43
2400 Скопје
Македонија
Тел: +389 (0)2 55 14 200
mail: [email protected]