ДИСТРИБУЦИЈА

За исполнување на нашата компаниска мисија, веќе повеќе од 28 години се потпираме на стабилни партнерски односи и проверени канали на дистрибуција. Негуваме константна и цврста долгогодишна соработка со најголемите малопродажни синџири на маркети во земјата како и со сите други малопродажни објекти.

Кон секој партнер пристапуваме со целосна посветеност и професионалност, обезбедувајќи брза, навремена и квалитетна дитрибуција. Креираме специјална динамика и маршута на посетана купувачи, која гарантира навремена нарачка и оптимални количини на “роба на полица” во секое време. Таквиот систем ни овозможува испораката на производите да ја вршиме за 24 часа од моментот на нарачка, и истиот е добро прилагоден на нашите купувачи за да може брзо и непречено да врши итна или вонредна испорака.

ЛОГИСТИКА

За брза и сигурна нарачка и достава, Колид С Тим располага со возен парк од 136 возила. Секое возило е опремено со GPS уред за постојано следење и контрала на движењето.

За потребите на дистрибуцијата, нашата компанија користи Cross Docking систем. За ефикасна и брза достава целокупната залиха е во централен магацин во Скопје, а секојднвено со транспортни возила нарачаната стока се дистрибуира во логистичките центри во Битола и Струмица, односно Колешино а од таму се дистрибуира до клиентите. На овој начин се постигнува расположливост на залихата за целата дистрибутивна мрежа којашто ја опфаќа целата територија на Македонија.

Производството користи посебна софтверска функционалност којашто е вградена во Microsoft Dynamics NAV, со којашто се остварува целиот процес од набавка на суровини до испорака на готов производ со запазена точна следливост или “traceability” на производите. Со тоа самото производство ги обезбедува сите потребни информации и стандарди на работење кои се побаруваат како од пазарот така и од најистакнатите коминтенти како LIDL, Delhaize итн.

СКЛАДИШТЕ

Магацински простор во број на палетни места, локација Скопје:

  • Магацин храна: 3200 палетни места
  • Магацин хемија: 1000 палетни места
  • Магацин со комори: 600 палетни места

Како една од водечките дистрибутивни компании во Македонија, Колид С Тим во текот на годините активно имплементира современи информатички системи, со цел ефикасно спроведување на своите цели и својата мисија.

Во 2018 имплементирано е нов ERP software, Microsoft Dynamics NAV, којшто ги има опфатено клучните процеси и процедури во работењето на компанијата, започнувајќи од функционалноста за мобилно работење на продажните лица-комерцијалисти кои благодарение на онлајн пристапот имаат увид во залиха и целата нивна база на креирани документи. 

 

WMS

Компанијата користи WMS (warehouse management system) којшто е вграден во самиот комплексен софтвер Microsoft Dynamics NAV, прилагоден на спецификите и потребите на нашето работење. Системот дозволува точност и ефикасност при извршување на приемот на роба, нејзино складирање, комисионирање, трансфер од еден магацин во друг, отпрема на робата.

Располага и со bundle pack простор во којшто се изработуваат сетови, пакет понуди, дополнително обележување на производите и на таков начин компанијата е спремна да одговори на пазарните потреби за креирање на атрактивни акциски понуди.

Магацинскиот и административниот простор од над 9.000м2 е дизајниран во повеќе сегменти:

  • според различниот температурен режим на складирање на стоката;
  • одвојување на хемиската стока од прехранбената степен на лесно запалива роба, замрзната роба.

Share This