505 s Crtom

505 s crtom banner

Рецептите се најголемо богатство и тајна на успешните производители на слатки. Во дваесеттите години на XX век рецептите за слатки се чувале во тајност под бројчани шифри. Така, првите овошни бомбони произведени во Унион, а потоа Краш, имале шифра 505. Кога Унион ја набавил тогашната голема иновација, машина која може да става црта на бомбоните, новите бомбони се наречени едноставно 505 s crtom, а по тоа оригинално име останаа познати и омилени до ден денес.