Ile de France

Ile de France banner

“Ile de France” нуди богат избор на врвни сирења: меко зрело, сино, свежо, премиум француско сирење и уметност на живеење за да го направат секој ден исклучителен.

Едноставно француски. Ништо друго.

Добар апетит!

За Брендот

Дали се прашувате зошто бренд за сирење одбрал да стави брод на своето лого? Дозволете ни да ви ја кажеме привлечната приказнa: тој го претставува славниот брод “Ил-де-Франс” кој прв го донел францускиот Бри во Соединетите држави во 1936 година.

Бродот, познат по своите впечатливи Арт Деко ентериери, ја прослави француската уметност на живеење на секој можен начин: од извонредно мени до префинета атмосфера низ бродот.

Брендот го должи своето име на бродот и ја продолжува својата мисија: доближување на француското сирење и уметноста на живеење до луѓето ширум светот. Кога ќе го видите логото, знаете дека се работи за Франција. Во моментот кога ќе пробате сирење “Ile de France”, знаете дека секој ден го прави исклучителен!